Анета се појави и веднаш го украде шоуто – изгледа НЕВЕРОЈАТНО, цело Скопје се вртеше по неа
Еве зошто сите повторно зборуваат за Анета
Не сме ја виделе во вакво издание
Една од омилените наши фолк-пејачки, Анета Љумаковска, во последно време се почесто ги воодушевува своите верни обожаватели и со интересните модните комбинации со кои што настапува.
Пејачката сега, на својот настап на плоштадот Македонија во Скопје, се појави во издание во какво не сме навикнати да ја гледаме.
Таа за оваа пригода беше облечена во црно од глава до пети, но многумина се согласни дека никогаш не изгледала попровокативно.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, Анета за овој настап избра црн кожен мантил и црни хеланки, а целото издание го заокружи со еден необичен детаљ.
Станува збор за таканаречените „халтер-чизми“, направени од кожа и детаљ кој асоцира на еротска женска долна облека.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Со ваквото свое издание пејачката привлече големо внимание, а многумина се согласни дека ова е едно од нејзините подобри изданија.
„Прекрасна си девојче“, „Жено најубава“, „Сунзуална“, „С*кси“, беа само некои од коментарите што се нижеа под овие фотки.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, ваквите чизми се појавија пред неколку години и овој моден крик го проследија многу познати ѕвезди.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Меѓу првите светски познати пејачки што носеа чизми со халтери беа Џенифер Лопез и убавицата од Барбадос, Ријана. Тие беа хит и во регионот, но ова издание на Анета дефинитивно е едно од најдобрите што сме ги виделе со овој популарен моден тренд.
Што мислите вие?