На македонската фолкерка и пукна филмот, па жестоко РАСПАЛИ на социјалните мрежи од аеродромот
Пејачката во Скопје пристигна бесна како рис, многумина се прашуваат што и се случило?!
Познатата македонска пејачка се фотографираше со пасошот на аеродромот, а пота сподели и една „шок“ објава.
Македонската кралица на бакшишот, Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса беше поприлично нервозна заради еден непријатен настан што и се случи. Имено, таа деновиве отпатува во Минхен, Германија, каде се дружеше со нашинците од оваа земја, но очигледно при враќање и се случи нешто непредвидено што ја извади од памет.
Имено, таа најпрво објави фотографија со својот пасош, но потоа упати и остри критики кон компанијата со која што леташе.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
„ВизЕр нискобуџетна компанија?! Како ќе ви текна така наплаќате, срамота!!! Сега летам со вас и никогаш. За век и веков“, напиша Марија, очигледно незадоволна од преголемиот трошок.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Потсетуваме, познатата фолк-пејачка пред само неколку дена отпатува во Германија, па на својот профил на Инстаграм сподели неколку снимки со кои исто така ги изненади бројните фанови.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Пејачката тогаш го покажа синтисајзерот на својот колега, на кој наместо бакшиш имаше апчиња, па во шега напиша:
„Место со бакшиш почнавме со таблети да ги полниме сајзерите“, напиша Марија во својата објава на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Таа потоа сподели и неколку снимки на кои се гледа дека заработила и убав бакшиш од свирката, но очигледно и покрај тоа што убаво заработува, таа е и штедлива дама и не сака без врска да се расфрла со пари што ги печали со своја сопствена пот.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Или едноставно причината за нејзината нервоза е и преголемиот замор заради постојаните настапи што пејачката ги има во последно време, па некои непредвидени ситуации ја вадат од памет.
Како и да е, Марија се врати дома и веднаш настапи во еден познат клуб каде повторно направи забава за паметење.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Тоа посебно важи за оние што беа во првите редови, а зошто оваа пејачка се почесто привлекува внимание, дознајте тука…