Ретко ја гледаме во вакво издание – еве како Дебарлиева ја дочека Новата година
Познатата македонска водителка покажа каде ја дочекала Новата година.

Таа блесна покрај својот сакан, а во вакво издание ретко ја гледаме.
Повеќе од 3 децении е посветена на својата професија и ужива во тоа што го работи.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
Билјана Дебарлиева својата водителка кариера ја започна во македонската телевизија, а подоцна работеше на различни проекти и на различни телевизии.
Со својата смиреност и харизма веднаш ја овои публиката и стекна доверба кај гледачите.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
Многу ретко зборува за својот приватен живот и не сака премногу јавно да го експонира нејзиното семејство.
Со својот сопруг Јован Дебарлиев е заедно дури подолго отколку што работи на телевизија, а плод на нивната љубов им се децата Ана и Мики.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
Јован е голем авантурист и токму тој ја поттикнува Билјана да се вклучи во некакви авантуристички активност.
Билјана на својот Инстаграм профил сподели фотографии од тоа како таа и Јован ја дочекале Новата година.
ФОТО: Инстаграм / Билјана Дебарлиева
Заедно со пријатели, парот замина на скијање во Маврово од каде што споделија и фотографии.
Билјана сме навикнати секогаш да ја гледаме средена од глава до пети, во елегантно издание, но сега покажа како ѝ прилега и спортскиот стил.