Нашата позната фолк-пејачка во жешко издание – ова е празник за очи и душа, сите ги воодушеви
Елена во смело издание за новогодишната ноќ
Пејачката Елена Велевска 2024 година ја дочека во Охрид, каде уживаше и настапи во еден луксузен ресторан.
Нашата позната пејачка за Нова година си помина лудо и незаборавно што може да се види и од нејзиниот Инстаграм профил,
Таа на публиката им приреди одлучна забава, а во истата уживаше и самата облечена во преубаво свечено издание.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Пејачката за оваа пригода избра црна тоалета со провокативно деколте, а целото издание го „зачини“ со кармин во страсна црвена боја, црни високи потпетици и шик фризура.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фустанот што го носеше беше украсен со пердуви во пределот на здолништето и рамениците, а како Елена изгледаше во ова свое издание, погледнете од фотографиите во продолжение.
Велевска со ова свое издание на сите им го одзема здивот и собра голем број комплименти на сметка на својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Црниот фустан со светки ѝ стоеше феноменално, а Елена во него блескаше како никогаш досега и изгледаше неодоливо.