Лила се појави пред банкарот во кусо здолниште – „гори“ интернетот, ова е топ издание за Нова година
Блеска, што и да облече...
Нашата позната водителка Лила Филиповска често ги остава без зборови сите со своите стајлинзи, а ова е дефинитивно едно од нив.
Таа очигледно решила да го испочитува новогодишниот дрес-код, па во својата емисија се појави шик празнично издание.
Лила за оваа пригода избра кусо светкаво здолниште и тренди црна блуска, а целото издание го зачини со високи светкави чизми.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
И бидејќи станува збор за предпразничен период, металик комбинациите секако се добредојдени, па Лила блескаше во ова свое издание и по кој знае кој пат никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Но како што самата забележа на социјалните мрежи со една од своите последни објави, водителката не може на сите да им биде инспирација, туку мора на некои да им е и иритација.
Впрочем ова е еден цитат што Лила го објави, а кој потполно соодветствува на она што го прави, поточно на коментарите што понекогаш ги добива под своите објави.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено додека едни се воодушевени од тоа како изгледа оваа наша позната дама, секогаш има и такви на кои нешто им пречи, па наместо да пофалат нечиј труд, па дури и кога станува збор за една обична фотографија што некој решил да ја сподели, тие постојано нешто мрчат и критикуваат, небаре некој им брцнал со прст во очи.
Но денес нема да зборуваме за нив, туку за убавите работи.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
А Лила е секако една од нив, посебно кога ќе блесне во еден ваков аутфит, како што само таа умее и знае.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Па големо БРАВО за ова нејзино смело издание, но и за сите останати со кои што не инспирираше во изминативе година дена.
Уште некои од нив погледнете во продолжение…