Бака Прасе го покажа новиот стан од 2 милиони евра – љубовно гнездо што вреска од гламур и луксуз
Во станот има џакузи, спа центар и теретана?!
Нова „гајба“ од 300 квадрати
Познатиот јутубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се пофали со својот нов стан од два милиони евра.
Како што истакна во видеото што го објави на својот официјален јутјуб канал, станот има 300 метри квадратни, а во него ќе живее со неговата девојка, инфлуенсерката Ања Бла.
Јутуберот среќната вест веднаш ја сподели на својот Јутјуб канал, каде се пофали со луксузот во кој сега ќе ужива со саканата.
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Од видеото може да се види дека станот има огромна дневна соба, спа центар, голема спална соба која е посебно уредена за младиот пар.
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Во станот има и голема теретана која што неговата девојка ќе вежба, потоа камин, огромен гардеробер, но и апартман за гости.
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Каминот се наоѓа во студиото на Бака.
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Станува збор за лажен камин, а во станот има и една посебна соба за Ања во која таа ќе може да снима видеа, да се шминка и средува, а во која се наоѓа и огромен гардеробер за нејзината скапоцена облека.
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Како изгледа ова нивно гнездо, погледнете во продолжение…