Реклама
Наши ѕвезди

Каква е во приватниот живот ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ македонски водителки – ваква не сме ја виделе

Изгледа како милион долари

Реклама

Позната водителка Елена Стојановска-Јанковска веќе со години важи за едно од нашите омилени телевизиски лица.

Кога е пред телевизиските камери секогаш изгледа средено од глава до пети и со својот природен шарм никого не остава рамнодушен.

Но и покај тоа што Елена веќе со години речиси секојдневно ја гледаме на нашите мали екрани, за нејзиниот приватен живот знаеме многу малку. Таа од 2010 година е во брак со својот сакан сопруг Огнен Јанковски, а плод на нивната голема љубов е ќеркичката Илина со која водителката е неразделна.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Инаку, за приватниот живот на Елена можеме да дознаеме и од нејзиниот профил на Инстаграм, каде таа одвреме-навреме знае да сподели и по некој момент од секојдневието, но и да покаже како изгледа кога не е пред телевизиските камери. Таа тоа го направи и неодамна, кога сподели неколку снимки од кои можевме да видиме како изгледа во едно свое вечерно издание, кога со својот неприкосновен шарм, но и едноставен стил, повторно не воодушеви.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Имено таа објави снимка од еден концерт каде што таа и во една обична, бела маичка и фармерки изгледаше неодоливо.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Станува збор за концертот на Дино Мерлин на кој убавата водителка очигледно си помина лудо и незаборавно.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Инаку, Елена неодамна во разговор за „Гламур магазин“ зборуваше за тоа што се променило кај неа откако станала мајка, но и што значи за неа да се биде добар родител во денешно време и со какви сé предизвици се соочуваат оние што имаат деца денес, за разлика од нивните родители, баби и дедовци.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Сигурна сум дека не било едноставно ниту за нашите баби и дедовци, ниту за нашите родители.

Но, сигурна сум и дека нема поголема радост да го држите во раце своето новороденче, да гледате како ги прави првите чекори, првпат кажува ,„мама“ и за многу кратко време веќе не е бебе туку девојче со свои мечти, размислувања и соништа за иднината.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Ние бевме многу послушни деца со сестра ми, одевме на гости со родителите, ги завршувавме обврските и по цртаните си легнувавме со книга. Ништо не ни го одвлекуваше вниманието. Сега децата истовремено имаат пристап до разни тв канали со серии, имаат модерни телефони и помагала. Тие пребрзо растат, социјализираат преку телефони и личниот контакт е сведен само во училишните клупи. Не знам што е подобро или полошо, и посакувам на Илина другарки како моите, заедно сме од деца и сè уште се тука за мене.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Најважно е да има свои луѓе во овој свет во кој некако веќе сите се отуѓуваме и за жал пријателствата ни се лажни“, вели Елена, а потоа откри и како таа ја воспитува својата ќерка.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Се водам по свој метод. Се обидувам да бидам тука за неа, кога сака да ми се довери, ја сослушувам. Гледам да и олеснам иако сум свесна дека некои работи во животот ќе мора да ги осознава сосем сама. Сакам да е одличен ученик, но повеќе за да научи и да биде образувана отколку да ги има сите петки. Интернет групи не следам, книги не читам, сакам проблемите да ги решаваме со љубов.

Целото интервју со Елена прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button