Исплива фотографија од Анета која никого не остави рамнодушен: Пејачката никогаш не била посреќна!
Гордата мама ја покажа својата наследничка
Неверојатно си личат…
Ќерката на нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска, Моника, се повеќе привлекува внимание.
Оваа млада дама иако ретко ја гледаме во медиумите, она што веднаш сите го забележуваат е нејзината убавина, но и сличноста со мајката.
Пејачката не пропушта прилика да покаже колку е горда и среќна кога е со својата наследничка, а фотографиите што овој пат ги објави ги воодушевија нејзините бројни обожаватели.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Најубавите мајка и ќерка“, „Убавици“, „Кукли, ве сакаме“, беа само некои од коментарите што Анета ги доби под фотографиите.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, пејачката за католички Божиќ имаше настап во Германија заедно со групата „Круна“ со која што сега настапува.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Анета на социјалните мрежи објави и снимка од настанот, а од истата можеме да видиме дека салата беше преполна.
Сите гости беа фатени во големо оро и цела вечер се играше и пееше, но и цело време се вееше знамето со Ѕвездата од Кутлеш.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Како изгледаше и атмосферата на овој настан, погледнете во продолжение…