Новогодишната бајка во станот на Лила Филиповска – водителката откри со кого ќе ги помине празниците!
Еве како Лила го украси својот дом за Нова година
Остана уште само една недела до Нова година, а Лила Филиповска сподели како изгледа празничната магија.
Како и секоја година, таа се потруди бајковито да го украси својот дом, а резултатот ги воодушеви нејзините фанови.
Имено, Лила ги презеде работите во свои раце и го украси станот во кој што живее по свој мерак, а покрај големата елка со лампиони внимание привлече и еден необичен „детаљ“ што водителката го покажа.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Станува збор за нејзиното маченце кое Лила го фати „живо“ како се качило на масата и го јаде нејзиниот појадок.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Ми отиде доручекот“, напиша Лила во шега на снимката што ја објави, а како изгледаше овој момент, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Нејзиното маче очигледно одлично се снаоѓа во празнината идила и ужива во топлиот дом покрај големата елка.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Но очигледно со мачката ужива и Лила, што може да се види и од нејзините бројни објави н социјалните мрежи.