Ќерката на Трајче и Кате Соната со микрофон во раце – фотографијата ги воодушеви нивните фанови
Малото девојче тргна по стапките на мама и тато.
Познатиот музички пар ја покажа ќеркичката која е копија на тато.
Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков беа цели 18 години во врска пред да го кажат судбоносното „да“.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Тие се одлучија за мала, интимна венчавка пред да се роди нивното прво дете.
За оваа прилика Кате се одлучи за минималистички краток бел фустан, кој ги воодушеви фановите.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Трајче пак облече елегантно одело и црвена вратоврска.
Плод на нивната долгогодишна љубов е малата Ана, која целосно им го промени животот.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Секој слободен момент Трајче и Кате го поминуваат со Ана и таа оди секаде со нив.
Некогаш на прошетки, а некогаш и на работа со мама и тато.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Уште од малечка кај неа се всадува љубовта кон музиката, а се чини дека има и талент да биде пејачка.
На нивниот заеднички Фејбук профил честопати споделуваат фотографии од моментите поминати заедно.
ФОТО: Фејсбук / Трајче Кате Ана Соната
Овој пат семејството се одлучи за прошетка од новоотворениот трговски центар во Скопје.
Во еден од рестораните веќе беше подготвена сцена, па малата Ана веднаш се фати за микрофонот.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение: