Ова досега се нема случено во Ѕвездите на Гранд – две Македонки се натпреваруваа, една против друга
Овие две девојки ги воодушевија сите
Младата пејачка од Македонија, Андријана Петрушовска (23), повторно се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа пред две години стигна до финалето, а во последната емисија настапи со уште една Македонка, Мелиса Зијадиќ (18).
На сцената најпрво се појави Мелиса која ги изненади сите со својот настап, но сепак Петрушовска беше подобра.
Фото: Јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Интересна работа, имаме две Македонки, а познато е дека Ѓорѓе секогаш гласа за Македонци, изјави Саша Поповиќ.
Фото: Јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Нему одземете му го правото, тој не треба да гласа во оваа емисија, се пошегува на сметка на својот колега Марија Шерифовиќ.
Фото: Јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
На крај жирито гласаше така што резултатот беше 5:3 за Петрушовска, а Мелиса замина во бараж од каде сепак успеа да помине.
Фото: Јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
По успехот Петрушовска пред камерите на „Гранд“ откри како се чувствува и кого би сакала да избере за ментор.
Фото: Јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
„Сега имам повеќе искуство, пред две години стигнав до финалето, имам и сега трема, но не е како пред две години“.
„Се трудам да победам и да се да биде добро. Се надевам на финале, ќе видиме“, изјави Петрушовска.
Фото: Јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Таа и покрај тоа што имаше желба да ја продолжи соработката со Ѓорѓе Давид или Цеца Ражнатовиќ, на крајот и беше соопштено дека продолжува со Александар Милиќ Мили.