Принова во семејството: Македонскиот пејач на пресладок начин соопшти дека ќе стане татко – го откри и полот на бебето
Македонскиот пејач ќе стане татко по втор пат.

Дарко на пресладок начин ја соопшти прекрасната вест, а честитки пристигнуваат од сите страни.
На почетокот на 2000-тите Дарко Илиевски беше еден од најпопуларните поп-пејачи во земјава.
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
Дарко беше љубов на секоја тинејерка и со самото појавувње веднаш се стекна со огромна популарност.
Неговите почетоци беа на бугарскиот Идол заедно со Александар Тарабунов и битолчанецот Бојан Стојков.
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
По завршувањето на ова шоу Дарко ја започна својата музичка кариера во Македонија и беше доста успешен.
„Бори се за неа“, „Да ти биде срам“, и „Едно тело“, неговиот дует со ДНК се песните кои до ден денес се пеат.
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
И покрај сѐ, Дарко одлучи да се откаже од популарноста и кариерата и да замине да живее во Америка.
За ова имаше многу добра причина, а тоа беше неговата сакана Ивана, која е ќерка на познатиот Ди-џеј Славе Келешовски, кој трипати беше избран за најдобар диџеј во Југославија.
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
Заедно со Ивана започна целосно поинаков живот во Америка и се вработи како техничар во прехрамбената индустрија.
Ивана и Дарко се родители на малиот Матео, но сега соопштија дека повторно очекуваат принова.
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
Како што напиша Дарко, Матео во април ќе стане поголем брат на својата сестричка.
„Возбудливи вести! Возбудени сме што можеме да споделиме дека наскоро очекуваме да добиеме девојче. Нашите срца се полни и едвај чекаме да ја пречекаме во нашите животи со љубов и радост“, напиша Дарко.