Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каков „ѕвер“ вози Добрила Чабриќ – и на 96 години сама патува до Белград, неверојатна жена

„Без кола сум како птица без крилја“ вели Добрила

Реклама

Не може да живее без својот автомобил

Победничката на „Никогаш не е доцна“, Добрила Чабриќ и покрај тоа што има 96 години се уште ги воодушевува сите со својот младешки дух.

Таа неодамна доживеа сообраќајна несреќа на патот кон Охрид, кога со својот автомобил слета од патот за да избегне директен судир.

Маркетинг

Нејзиниот автомобил тогаш целосно беше уништен, а Добрила се здоби се почесни повреди на нозете, од кои брзо закрепна.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Гранд

Таа сега ги изненади сите кога се пофали дека купила нов автомобил, без кој како што самата вели, не може.

„Земав мал ‘Смарт’ кој е многу добар за гужва о тежок сообраќај, каков што е денес. Така што имам чувство како да седам на мотор, а нозете да ми се на тркалата, но се чувствувам убаво“ изјави неодамна Добрила во емисија на „Гранд“ и со своите анегдоти од животот ги воодушеви сите.

Фото: Фејсбук/ Добрила Чабриќ

„Јас не возам, туку летам и ќе летам и понатаму. Мислам, сите се чудат и постојано ме прашуваат ‘Дали дојдов сама во Белград’? Сама дојдов, а и сама ќе се вратам. Но не ми е јасно зошто е тоа проблем, јас сум шофер веќе 75 години. Ја поминав цела Европа со автомобил, така што тоа се моите нозе“ изјави Добрила тогаш.

Фото: Промо

Потсетуваме, Добрила е родена на 1 февруари 1928 година во Бариќ в близина на Пожаревац, а денес живее во Дојран.

Фото: Фејсбук/ Добрила Чабриќ

Таа е доајенка на Македонскиот народен театар, а повторно во центарот на вниманието ќе дојде кога пред пет години победи во шоуто за ветерани „Никогаш не е доцна“.

Фото: Фејсбук/ Добрила Чабриќ

Фото: Фејсбук/ Добрила Чабриќ

Фото: Фејсбук/ Добрила Чабриќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button