Гавазова ги спакува куферите и замина од Македонија – фолкерката изненади и со она што го направи
Познатата пејачка „фатена“ на аеродромот...
Познатата фолк-пејачка направи снимка и на Инстаграм покажа како изгледа, но откри и каде и со кого ќе патува…
Пејачката Сузана Гавазова се снимаше пред да се качи во авионот на скопскиот аеродромот и ги изненади своите фанови.
Но овој пат не ги изненади толку со својот стил, колку со снимката на која се гледа екипата со која е тргната на ова патување.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, пејачката замина за Германија заедно со музичарите од групата „Молика“, а камерата го фати и Џими Мицевски, поранешниот сопруг на колешката на Гавазова, Анета Љумаковска, која долги години беше пејачка во оваа група. Но по нивната разделба Анета продолжува со својата соло кариера, а деновиве ги изненади сите и сo своите нови две песни (повеќе за ова прочитајте тука).
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, „Молика“ на 16 декември настапува во Германија, но овој пат наместо Анета ќе пее Сузана Гавазова.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тие веќе имаа и еден заеднички настап во Скопје, а оние што беа на истиот велат дека атмосферата била одлична.
Не се сомневаме дека така ќе биде и сега, во Германија, каде оваа „тајфа“ планира да направи забава што ќе се памети.