Пејачката Благица Павловска се огласи на Фејсбук – јавно побара помош
Македонската фолк дива побара помош од сите добри и хумани луѓе.
Благица уште еднаш ја покажа својаа хуманост и љубов кон животните.
Пејачката е активна на својот Фејсбук профил, но нејзините објави секогаш се за хуманитарни акции и помош на бездомните и незгрижени кучиња и животни.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Таа ги обожава животните и во нејзината куќа секогаш има барем едно милениче за кое таа се грижи.
На свадбата на една од нејзините колешки Благица се појави заедно со нејзините 3 кучиња.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Срцето ѝ се крши кога некое животно страда и јавно се бори за нивните права.
Секогаш кога во некоја несреќа ќе изгуби некое свое животно, таа тоа многу тешко го прифаќа.
ФОТО: Фејсбук / Благица Павловска
Својот роденден го искористи за да ги повика своите фанови и пријатели наместо подароци, да донираат пари за бездомните и напуштени кученца.
„Јас се одлучив за помош на бездомните кучиња кои се отфрлени, малтретирани и оставени на улица од своите сопственици, кои се откажале од своите миленици. Ве молам, кој колку може и сака, парите одат директно во асоцијацијата за помош на бездомни и загрозени кучиња. Ви благодарам на вниманието“, напиша таa.