Го паметите ова преслатко девојче – си замина од Македонија и сега го живее американскиот сон
Малото и слатко девојче денес е прекрасна млада дама, која студира на еден од најпрестижните универзтети во САД.

Ања полека, полека чекори кон светска музичка кариера.
Ања Ветерова е девојчето кое буквално порасна на сцената.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Уште од многу мала покажала неверојатен талент за пеење.
На 5 години дебитираше на фестивалот за детски песни „Супер ѕвезда“, а на истиот фестивал настапуваше до 2007 година.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Во 2008 година настапи на 51-виот Zecchino d’Oro фестивал во Италија, со песната „Come un aquilone” (Време е за нас) напишана од Калиопи.
Во септември 2010 победи на домашниот детски избор за песна на Евровизија и ја претставуваше Македонија во Минск, Белорусија со песната „Еооо, еооо“ (Магична песна), напишана од Дарко Димитров и Елена Ристеска.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Ања започна да гради музичка кариера во Македонија, но сепак одлучи да си замине надвор од земјава.
По завршувањето на средното образование ѝ се исполнил најголемиот сон, да студира на еден од најпрестижните универзитети за музика „Беркли“ во Америка.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Веќе неколку Ања го живее својот сон.
Веќе имаше можност да ѝ се претстави на американската публика со учеството на Berklee Beyonce ensemble, пеејќи песни од Бијонсе.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Се чини дека светот допрва ќе слуша за талентот на Ања, а Македонија има со што да се гордее.