Овие две мистерии поврзани со убиството на малата Вања шокираат – и двете се поврзани со таткото и Палчо
Многу неодговорени прашања поврзани со целиот случај, но овие две најмногу се издвојуваат
Многумина како во Македонија, така и во регионот, се прашуваат и дали на осомничениот ова му се први убиства доколку се земе ладнокрвноста и свирепоста со која што ги направи истите?!
Нашето обвинителство испрати барање за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо кој е првоосомничен за убиството на Вања.
Но постапката за екстрадиција би можела да трае и повеќе од година дена, велат експертите, посебно доколку нашите органи не достават сигурни докази за вмешаноста на Палчо во злочинот.
Како што посочи шефот на Основното јавно обвинителство во Скопје, Гаврил Бубевски, истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е во тек и во моментов се испитуваат материјалните докази. Тој на денешната прес-конференцијата изјави дека овие докази „зборуваат на истиот јазик со кој што зборуваат и осомничените“, односно дека доказите недвосмислено укажуваат на извршителите на ова свирепо злосторство што го потресе целиот регион.
Фото: МВР
Потсетуваме, првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо беше фатен во турскиот град Беликесир и тој се сомничи за две кривични дела – „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“.
Тој беше уапсен откако по него беше распишана меѓународна потерница, па сега се чека негова екстрадиција.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Палчо како главен извршител го посочија останатите тројца осомничени за кои им е одреден триесетдневен притвор.
Покрај овие тројца осомничени во притвор е и таткото на Вања. Тој е обвинет дека им давал информации за движењето на ќерката, но тој тоа го негира. Во притвор се наоѓа и лицето што го носеше Палчо од Србија до Турција – тој е осомничен дека знаел за кривичното дело на првоосомничениот Палчо.
Фото: Фејсбук
Потрагата по вистината се уште трае
Во јавноста се шпекулира за мотивот на киднаперите, но и на таткото на Вања, посебно откако испливаа информациите дека тој бил сопственикот на станот во градата во која се случи грабнувањето, но и дека имал уште еден стан во центарот кој исто така е на негово име. Првично, според претпоставките на МВР, Вања е грабната заради откуп, но се уште е мистерија зошто ако е така, киднаперите го убиле девојчето и никогаш не побарале пари од мајката?!
Од овие причини се уште не е јасна улогата на таткото, која можеби ќе се разјасни дури откако Палчо ќе биде вратен во Македонија.