Што ли ќе каже Џими на овие зборови на Анета?! Поранешната убаво го поткачи, нема да ја заборави…
Новата песна на Анета ги воодушеви нејзините фанови
Секогаш насмеана, весела и расположена, пејачката Анета Љумаковска ја израдува јавноста со својата нова песна.
Станува збор за песната „Жива“ која премиерно ја изведе во студиото на ИН ТВ, а која ја снимаше во соработка со композиторот Сашко Велков, додека текстот на нејзината пријателка и водителка Анита Даева.
Пејачката премиерно ја изведе песната за новогодишната програма на ИН ТВ, а видеото е објавено и на Јутјуб.
Во песната Анета пее стихови кои многу потсеќаат на нејзината ситуација во врска со нејзиниот развод, па многумина се прашуваат дали песната е посветена за сето она низ што поминуваше овој период.
„Крст ти ставив и се заколнав нема да ти изустам, Женска душа силна карпа може се да поднесе , Суви рани уште цветаат на тебе мирисаат, Жал ми е за таа до тебе, знам низ што ќе помине“, гласат дел од стиховите со кои Анета ја започнува оваа своја нова песна.
Фото: Фејсбук/ Анета Љумаковска
Како и да е, песната на социјалните мрежи веќе станува хит и добива само позитивни коментари.
Многумина и порачуваат дека е најдобриот женски вокал, но и дека изгледа прекрасно во видеото.
Фото: Фејсбук/ Анета Љумаковска
Инаку, споменатата песна е само почеток од соработката на пејачката и Анита Даева која за неа има напишано и други текстови кои допрва треба да се реализираат, а кои публиката нестрпливо ги очекува.
Фото: Фејсбук/ Анета Љумаковска
Покрај новата песна Анета во последно време ги изненадува сите и со својот нов изглед со кој ги воодушеви и мажите и жените.
Повеќе за ова прочитајте тука …