Реклама
Вирално

Обвинет дека за пари ја предал својата ќерка во раце на монструми – еве што се случува со таткото на Вања

Таткото на Вања заедно со останатите осомничени е во Шутка каде останатите затвореници им приредија вистински пекол, а оваа вест ја пренесоа и медиумите во регионот

Реклама

Цела Македонија згрозена од двојното убиство

Како што објавија напите медиуми, таткото и останатите осомничени за убиството на Вања се соочија со остар револт во Шутка

Тие и покрај тоа што се во посебни ќелиии, одвоени од останатите притвореници и затвореници, додека ги носат кон судот и кога ги враќаат во затворот, се соочуваат со гневот на останатите затвореници кои викаат по нив преку прозорците, удираат по решетките, ги навредуваат и ги нарекуваат монструми.

Маркетинг

Овие наводни досега директорот на затворот Филип Андонов ниту ги потврди, но не ги ни демантираше.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Тој претходно само потврди дека осомничените за убиството на Вања ги контролираат постојано и дека се во одделни затворски простории до кои немаат пристап ни сите чувари.

Фото: Фејсбук/ Гламур

Потсетуваме, меѓу осомничените е и таткото на Вања, Александар Ѓоѓевски, кој тврди дека не ги познава останатите.

Тој го негира делото и вели дека не им давал важни информации за движењето на неговата ќерка кои доведоа до нејзино грабнување, а потоа и до монструозно убиство за кое сега се обвинети овие лица.

Александар на сослушувањето на кое му беше одреден притвор од 30 дена беше донесен во комбинезон, а на снимката што беше објавена се гледаше дека во затворот му беше избричена главата.

Како што можеа да забележат камерите на медиумите, тој беше донесен со лисици на рацете, во специјален комбинезон, со спуштена и избричена глава. Во кривичниот суд беа донесени и останатите тројца обвинети за ова злосторство, кој го посочија Александар како еден од нивната група, односно лице од кое наводно добивале информации за движењето на малата Вања, преку Палчо.

Фото: Принтскрин/ 4news

Сите вопросториите на кривичниот суд во Скопје беа донесени со силна полициска придружба и на сите четворица им беше одреден триесетдневен притвор од судија на претходна постапка, по што беа вратени во притворското одделение во Шутка.

Директорот на затворот Шутка, Филип Андов, во изјава за „Фокус“ откри зошто на осомничените веднаш им биле избричени главите.

Како што истакна тој праксата била за вакви кривични дела да не се толерираат фризури и да се носат затворски комбинезони.

Фото: Гугл мап

„Не дозволувам фризури за вакви кривични дела. Редот во затворот е носеше комбинезони без обележја“, изјави тогаш Андов за „Фокус“.

Неколку часа откако им беше одредена мерката притвор на обвинетите, на прес-конференција министерот Оливер Спасовски соопшти дека во Турција е уапсен и креаторот, планерот и директниот извршител на овие злосторства, лицето Љупчо Палевски Палчо.

Првоосомничениот е фатен во Турција, а уапсено е и лице од Струмица кое му помогнало на Палчо да замине од Србија во Турција.

Тој со сомничи дека помогнал на лице што извршило тешко кривично дело за кое е пропишана казна од доживотен затвор.

„Тоа беше последната алка на овој грозоморен чин, кој ни недостигаше за да кажеме дека сме направиле се, со што сме ги разоткриле овие монструми. Вчера попладне, на барање на нашето МВР беше распишана итна меѓународна потерница за лицето Љ.П. од Скопје, барано за тешки дела грабнување и убиство, што е таканаречена црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот свет. Но токму врз основа на наши оперативни сознанија каде се движи бараното лице, не застанавме на тоа, туку продолживме и со билатерална соработка за фаќањето на овој монструм“, изјави Спасовски на прес-конференцијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button