Нови информации за убиецот на малата Вања – Палчо е првоосомничен, но дали ќе го направи ова?!
Првоосомничениот во злосторството што го потресе регионот би можел да го одолговлекува процесот на екстрадиција
Злочин што го потресе целиот регион
Според експертите, првоосомничениот во страшниот злочин што го потресе регионот би можел да биде екстрадиран за месец дена, но исто така може и да го одолговлекува процесот.
Кога станува збор за вакви дела, како што вели адвокатката Зора Добричанин во емисијата „Уранак“ на српската К1 телевизија, тоа би можело брзо да се случи, но само ако Љупчо Палевски, односно лицето обвинето за свирепиот злочин, се согласи да биде испорачан во Македонија и во тој случај постапката би била најбрза.
Како што вели адвокатката, осомничениот Палчо ќе биде однесен кај истражен судија во Турција, каде најпрво ќе му биде соопштено зошто е уапсен и дека земјата на која што е државјанин го бара за кривичното дело за кое што е обвинет. И доколку тој самиот се согласи, односно изрази желба да биде спроведен и да му се суди што побрзо, тогаш екстрадицијата ќе биде многу побрза.
Фото: Фејсбук
Но постои можност тој да не се согласи со тоа и може да побара докази, по што законот налага одредени докази и документи од истрагата да бидат доставени од земјата што го побарува до судските органи во земјата во која што лицето е уапсено и овој процес, како што вели Добричанин, многу често може да трае и до година дена.
„Па дури и со поедноставена постапка, јас имав клиент кој во Црна Гора се согласи на поедноставена постапка, па и тоа траеше два-три месеци додека беше екстарадиран во Србија“, вели адвокатката.
Фото: Фејсбук
Но доколку Палчо побара да не биде предаден во Македонија, на пример од безбедносни причини, на пример ако докаже дека тука му е загрозена безбедноста, што може да биде случај бидејќи медиумите веќе објавија неколку закани од затвореници во Македонија, тогаш целата ситуација околу неговата екстрадиција дополнително ќе се искомплицира. И да биде донесено решение за екстрадиција, тој има право на жалба, па во тој дел од процесот решението повторно може да биде укинато, да се врати и сл. И на крај последната одлука, кога ќе завршат сите судски инстанци, последната одлука ја носи министерството за правда на земјата во која што тоа лице се наоѓа.
„Можат сите судски органи да кажат дека тоа лице треба да биде екстрадирано, а тогаш министерот за правда да каже ‘Не’“, вели адвокатката Добричанин во емисијата „Уранак“ на К1 телевизија.
Но како што напоменува таа, заради тежината на делото, нејзини очекувања се дека тој ќе биде испорачан на Македонија.
Нашето министерство очекува брза екстрадиција
Праксата на Министерството покажува дека до сега немало случај Турција да одбие да екстрадира во Македонија лице осомничено за злочин или осуден злочинец. Како што претходно објави министерот за правда, Кренар Лога, тој веќе го потпиша барањето за екстрадиција за Љупчо Палевски и истото ќе биде испратено до турските власти, односно до Министерството за правда на Турција. Како што изјави тој, очекуваат соработка со правосудните органи на Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја.
Фото: МВР
Но турските власти нема да ја имаат предвид само одговорноста на Палчо во случаите за кои што е обвинет, туку и политичкиот дел. Па така ако тој изјави дека го прогонуваат затоа што е политички дисидент и дека во Македонија му е загрозен животот, како што тоа на пример го направи Никола Груевски кога побара азил во Унгарија, тогаш турските власти ќе мора детално да го разгледаат случајот.
Но како што велат и експертите, заради тежината и специфичноста на делото, очекувањата се Палчо брзо да биде испорачан во Македонија.