Каков талент има оваа млада дама – кој би рекол дека македонската водителка ја бидува и за ова
Познатата македонска водителка го покажа својот талент.

Анастасија сподели фотографии со кои ги воодушеви своите следбеници.
Водителката која ја гледаме на фрекфенцијата на Алфа телевизија, Анастасија Илиевска или Анастасија Деа е доста активна и на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм / Анастасија Деа
На својата работна позиција гледаме дама, која максимално професионално одговара на својата задача, а на Инстаграм покажува како изгледа нејиното секојдневие како мајка и сопруга.
Во брак е со Богдан Илиевски или во јавноста познат како Бетмен Велит, а плод на нивната љубов се ќеркичката Дениција и синот Раде.
ФОТО: Инстаграм / Анастасија Деа
Анастасија ужива во мајчинството и секој слободен момент го поминува со Дениција и Раде и максимално се труди квалитетно да го поминуваат времето.
На нејзиниот профил може да наидете на совети за креативни игри со вашите деца, но и за вкусни и здрави оброци за вашите најмили.
ФОТО: Инстаграм / Анастасија Деа
Периодов следуваат најубавите празници во годината, на кои им се радуваат и постарите и помладите.
Анастасија одлучи да го разубави просторот во нивниот дом со прекрасни цртежи, кои верувале или не, самата ги наслика на нејините прозорци.
Мора да се признае дека е вистински уметник.
Најмногу се израдуваа нејзините дечиња, а следбениците беа воодушевени.