Реклама
Вирално

„Нека ти биде светол патот кон вечноста, мила!“ Потресни пораки со кои другарчињата се збогуваа од Вања

„Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!“

Реклама

Страшното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска го потресе целиот регион која исчезна пред точно една недела го потресе регионот

Денес пред основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ што се наоѓа во центарот на Скопје колона луѓе стоеја и чекаа да се потпишат во книга на жалоста и на тој начин да се збогуваат од Вања Ѓорчевска која најпрво беше киднапирана, а потоа и свирено убиена.

Вања утрото кога беше грабната и убиена тргна кон своето училиште, но таа никогаш не стигна до своите сокласници.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Таа беше пречекана од злосторниците пред нејзината зграда, а потоа насилно однесена и убиена заради користољубие.

Маркетинг

Од неа цел ден се збогуваа децата од училиштето, но и граѓаните кои дојдоа во дворот на училиштето да се потпишат во книгата.

„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме… Нека ти биде светол патот кон вечноста!“

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

„Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!“, пишува во објавата на фејсбук страницата на основното училиште.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Во книга на жалост се потпиша и претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Пендаровски изрази сочувство до семејството, пријателите, соучениците, другарчињата.

„Почивај во мир Вања! Сочувство до семејството, пријателите, соучениците, другарчињата“, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Фото: Инстаграм/ Стево Пендаровски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button