Турскиот актер Берк Октај стана миленик на македонската публика кога го глумеше ликот на Чагатај во серијата “Забрането јаболко”.
фото инстаграм/Берк Октај
Берк Октај е во брак со неговата колешка Јилдиз Чагри Атиксој.
фото инстаграм/Берк Октај
Парот имавме можност да го гледаме заедно во серијата „Савашчи“.
фото инстаграм/Берк Октај
Хемијата меѓу нив била очигледна па тие се венчаа во септември 2022 година.
фото инстаграм/Берк Октај
Сега како што шушкаат турските медиуми, наводно парот го чека своето прво дете.
Наводно Јилдиз Чагри Атиксој е бремена во 3-тиот месец.
Во една прилика Берк Октај за својата сакана истакна:
фото инстаграм/Берк Октај
“2022 година беше прекрасна за мене. Затоа што се оженив. Јилдиз е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Мојата желба за новата година е оваа: Посакувам малку совест и милост од луѓето. Велам не на насилството врз жените и живите суштества“посочи згодниот актер.
фото инстаграм/Берк Октај
-Ти благодарам за денот кога дојде во мојот живот, за денот кога стана мој пријател и другар, за секоја секунда што ме излекува, стана едно со мојата душа и стана мојата душа. Ти благодарам што се согласи да бидеш моја сопруга и моја засекогаш. Се надевам дека ќе го земам последниот здив до тебе мојот живот,напиша актерот во една своја објава на Инстаграм.
фото инстаграм/Берк Октај
Инаку Берк Октај е роден на 28 октомври 1982 година во Анкара, Турција.