Вести

Eве колку пари треба да плати пратеникот Крмов за штетата во Собранието

Advertisement

Над девет илјади евра е проценетата штета што пратеникот од Левица, Борислав Крмов, ќе треба да ја плати откако пред една недела искрши дел од инвентарот во пленарната сала кога на седницата требаше да се гласа новиот Деловник на Собранието.

Проценетата штета денеска ја соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери на средба на новинарите откако беше прашан дали за овој инцидент некој ќе биде казнет.

Advertisement

„Има правни процедури за секое дејство. Штетата ќе се компензира од страна на чинителот на таа штета. Додека сме во Собранието, ние сме во работен однос и важи законот за работни односи“,рече Џафери.

Џафери објасни дека Крмов не може да се повика на пратеничкиот имунитет бидејќи тоа може да го направи само за искажан збор од говорница.

Advertisement

На прашањето што доколку Крмов не сака да ја плати штетата, Џафери повтори дека постојат правни процедури кои ќе се следуваат.

„Пратеникот има право да располага со средствата тука и да има помош од техниката и од службата, но тоа не значи дека има право да крши. Настанот кој што се случи во Собранието е пријавен во МВР и е извршен увид на лице место.

Пријавата е дека во Собранието се случува насилство. Ако сметаат дека има елементи на кривично правна одговорност ќе треба да се обратат до обвинителството“, вели Џафери.

За разлика од Крмов, пратеникот од ДУИ Арбер Адеми нема да ја плати штетата кога на комисиска расправа искорна микрофони, бидејќи настанот не бил пријавен. Од комисиската расправа немало директен пренос, туку одела репризна снимка и никој не го пријавил инцидентот.

Од Левица пак во телефонски разговор велат дека ова е преголема сума и најавуваат контра вештачење, но и тужба против Џафери, објави ТВ 24.

Минатиот понеделник, револтиран од тоа што Собранието ги отфрли амандманите на Левица поднесени во однос на измените на Деловникот, пратеникот Борислав Крмов, барајќи да се прекине седницата, го искрши мониторот од компјутерот на пултот на кој седеше потпретседателот Горан Мисовски, кој ја водеше седницата, а ги откорна микрофоните и ги расфрли сите хартии околу говорницата во Собранието.

Набргу му се придружи и лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, по што Мисовски даде половина час пауза.

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во телевизиско гостување, рече дека сметката може да му биде пратена и оти тој ќе ја плати, но според него штетата од процесот со кој се укина парламентарна демократија е неповратна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button