Наши ѕвезди

Публиката занеме кога се појави убавата внука на Зафир Хаџиманов – Марта е мелем и за очи и за уши

Внуката на легендарниот Зафир Хаиманов остава без здив каде и да се појави.

Advertisement

Чудото од девојче порасна во неверојатна убавица со огромен талент, кој сите ги остава без зборови.

На 21 март 2021 година, на 78-годишна возрат, битката со коронавирусот ја изгуби познатиот македонски пејач, композитор, актер и поет, Зафир Хаџиманов.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Преку неговите песни „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“ и уште многу други, тој ќе остане вечно да живее во споменот на публиката.

Зафир Хаџиманов по таткова линија потекнува од Кавадарци, додека по мајчина е скопјанец, но речиси целиот живот го поминал во Белград.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Во брак беше со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ-Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, кој е познат џез-музичар.

Васил и неговата сопруга ја имаат ќерката Марта, за чиј талент светот допрва ќе слушне.

ФОТО: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Таа генетски е предодредена за музика и го има собрано талентот од целото семејство.

Таа на 17 години се појави во улога на Кристин во мјузиклот „Фантомот од операта“ во белградскиот Театар на Теразије кога ги воодушеви сите како со својот глас, така и со своите движења, глумата, танцувањето.

ФОТО: Фејсбук / Зафир Хаџиманов

Денес има 23 години и е веќе успешна оперска певица вработена во Националниот театар во Манхајм, Германија.

За нејзината последна изведба пред германската публика, Марта доби само комплименти.

Погледнете како изгледа денес:

ФОТО: Инстаграм / Марта Хаџиманов

ФОТО: Инстаграм / Марта Хаџиманов

ФОТО: Инстаграм / Марта Хаџиманов

ФОТО: Инстаграм / Марта Хаџиманов

ФОТО: Инстаграм / Марта Хаџиманов

ФОТО: Инстаграм / Марта Хаџиманов

ФОТО: Инстаграм / Марта Хаџиманов

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button