Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каков „ѕвер“ вози Мики Секуловски – ќе се воодушевите, и Поповиќ може вода да му носи

Не сте го виделе во вакво издание

Реклама

И додека едни познати личности постојано се фалат со живот на висока нога и со своите луксузни автомобили, други ѕвезди знаат да ги воодушеват сите со својата скромност.

Еден од таквите е и пејачот од Велес, Мики Секуловски, кој моментално е актуелен со неговите генијални настапи во едно од најгледаните телевизиски музички шоуа на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“.

Имено на неговиот профил на Фејсбук се уште постои една малку постара фотографија на која шармантниот пејач стои покрај еден мнооогу посебен автомобил.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Поточно, станува збор за автомобилче, кај нас познато и како „пегличка“ покрај која Мики изгледа како вистински џин.

Маркетинг

„Редно време беше да си купам кола“, напиша тогаш Мики под фотографијата што ја објави на својот профил на Фејсбук.

И додека многу познати ѕвезди знаат често да се сликаат покрај своите луксузни автомобили и потоа да се фалат на социјалните мрежи, велешанецот очигледно нема проблем да се пошегува на своја сметка. Но токму заради ваквиот негов карактер и пред се заради скромноста, пејачот е омилен кај нашата публика, а со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ го освои и целиот регион.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

И што е најинтересно, доколку и во следните неколку круга успее да го задржи вниманието на истиот начин како што тоа го правеше и досега, пред него е голема музичка кариера. Впрочем тоа му го порача и пејачката Марија Шерифовиќ во последната емисија (види тука) додека Драган Стојковиќ Босанац го праша колку куќи има, на што Мики одговори дека има една, и тоа недовршена, по што композиторот му порача дека со Гранд ќе заработи уште за две.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Убаво ти кажа Босанац. Имаш куќа која не е завршена, ако продолжиш вака да напредуваш ќе направиш уште две куќи“, му порача и Саша Поповиќ, а Ѓорѓе Давид тогаш само се надоврза дека нема причина да не продолжи и дека веќе е во финалето, по што коментираше и менторката на Мики, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Ако испаднеш, Мики ќе пееш со мене. Не го давам никому“, заклучи Цеца не криејќи го своето воодушевување што им ваков талент во својот тим.

Во продолжение потсетете се како Мики звучеше тогаш…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button