Реклама
Наши ѕвезди

Еве што одговори пејачката на прашањето дали го изневерувала својот поранешен сопруг (видео)

Вистината кога тогаш ќе излезе на виделина

Реклама

Познатата пејачка повторно во центарот на вниманието

„Терет ми е кога се зборуваат невистини, меѓутоа нашата работа е таква и мора да се навикнеме на тоа, па јас веќе се навикнав“.

„Како што велат, за добриот коњ прашина се крева, а ако не те зборат како и да не постоиш“, му одговори Анета Љумаковска на новинарот во најновото интервју за емисијата Бекстејџ.

Маркетинг

Требало така да биде, се случи што се случи, изјави таа додавајќи дека не се ни првите ни последните, мислејќи на разводот од Џими.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Бекстејџ

На прашањето дали неверството е причината, Анета само се насмеа и без премногу филозофија го кажа следново:

„Немам што да изјавам, што да кажам. Значи сé што треба да се дознае ќе се дознае, тоа не е никаков проблем. Меѓутоа, секогаш, не знам зошто, се мисли дека за развод е причина неверство“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Бекстејџ

„Може да е губење на чувства, може да се некои други проблеми, проблеми што се во фамилијата, дали од моја страна или од другата страна, не мора да значи дека е неверство во прашање“, беше потполно искрена познатата пејачка на овие незгодни прашања.

„Не знам ни јас што се случи, но ете се случи тоа што се случи“, изјави Анета и додаде дека никогаш не се врти наназад.

Фото: Принтскрин, Јутјуб, Фејсбук

Анета и Џими не се скарани

Познатата пејачка исто така кажа и дека со поранешниот сопруг Џими Мицески останале во одлични односи и не се скарани, но и дека ќе ги испочитува сите заеднички настапи што ги имаат со групата „Молика“. Имено, тие остануваат заедно некаде до средината на август, а потоа продолжува сама, додека Џими останува со својот бенд.

Потсетуваме, неодамна како бомба одекна веста дека Анета Љумаковска и Џими Мицевски кои покрај тоа што долги години беа во брак и настапуваа заедно со групата „Молика“, решиле да се разведат.Оваа вест Анета тогаш ја потврди и за нашиот магазин, а што изјави тогаш за ова свое искуство, но и кои се нејзините планови, дознајте тука.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button