Македонка од Швајцарија јавно со непристоен предлог за познатиот водител – ова нема никогаш да го заборави
Оваа жена го освои сите како со својот талент, така и со своето позитивно однесување
Жика нема да може да го одбие нејзиниот предлог
Пејачката од Македонија, Драгана Суљкановиќ (46), која веќе долго време живее во Швајцарија, се пријави во „Никогаш не е доцна“ и со својот прв настап ја воодушеви публиката, но и претставниците на жирито.
Како млада заминав во Швајцарија каде пеев некои три, четири години, а потоа се омажив и останав да живеам таму.
Имав желба да учествувам во оваа емисија па од таму и се пријавив, а потоа следуваше и повик, раскажува Даниела.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Инаку, Драгана по потекло е од Струмица, каде што е родена, но веќе 16 години со својот сопруг и двајцата синови живее во Цирих. На прашањето дали емисијата „Никогаш не е доцна“ е гледана и во Швајцарија, таа ги изненади сите со својот одговор.
„Премногу е гледана, тоа е неверојатно! И тоа не е така само тука, туку секаде“, изјави Драгана, а потоа зборуваше и за своите импресии по настапот кога на грандиозната сцена се појави со песна од Лепа Брена. Таа не крие дека е презадоволна, но и дека на почетокот имала мала трема, која очигледно успеала да ја надмине, па со својот глас и одличен настап никого не остави рамнодушен.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Драгана која во емисијата беше дојдена заедно со своите двајца браќа кои имаат агенција за обезбедување, по својот настап му даде „непристоен“ предлог на водителот Жика Јакшиќ за кој веруваме дека тој нема да може да го одбие.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
„Жика е многу популарен меѓу жените. Јас дојдов до идеја, всушност малку и шега, и им кажав дека ќе го донесам во Швајцарија да направиме еден хуманитарен концерт по што сите ќе можеме да го изгушкаме и бакнеме. Сите одговорија позитивно на мојот предлог“, се пошегува Драгана пред камерите.
Жика беше воодушевен од предлогот, а како миленик на жените ширум светот можеби и ќе реши да го прифати.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Инаку, Драгана со својот специфичен глас ги воодушеви сите, а на социјалните мрежи можат да се прочитаат бројни позитивни коментари и за нејзиниот беспрекорен изглед со кој се појави во шоуто.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Облечена во црно од глава до пети таа блескаше на грандиозната сцена, а потоа како што самата изјави во шега, но и понесена од емоциите, ваква возбуда не почувствувала од раѓањето на своето прво дете.
Како Драгана изгледаше и зошто сите зборуваат за нејзиниот настап, погледнете во продолжение…
Извор: Гранд.онлајн, Гламур