Реклама
Наши ѕвезди

Разочаран од своите пријатели, решил да замине далеку од Македонија – Даниел искрено за животот во туѓина

Младиот пејач потполно искрено одговараше на прашањата на водителката на Гранд магазин на ТВ Гранд

Реклама

Младиот пејач прв пат искрено за сообраќајната несреќа

Даниел Тренчовски зборуваше искрено за сообраќајната несреќа што му се случила и заради која се пресели во Франција.

Тој сега живее далеку од Македонија, но како што самиот вели својот роден крај нема никогаш да го заборави и многу му недостига.

Маркетинг

Но тој сега ја откри и вистината зошто се преселил во Франција и што е она од што најмногу се разочарал во нашата земја.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

„Околностите, колегите и пријателите… Бев разочаран и тоа беше причината да заминам. Бев на Факултетот за музичка уметност и со мојата приватна кола заминавме на теренско истражување“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

„Но се случи сообраќајна несреќа. Тие заминаа со такси, јас останав да почекам да го пренесам автомобилот и задоцнив на час, професорот иако беше известен ме исфрли од часот и тогаш се разочарав и тоа беше причината да заминам од Македонија, раскажа Даниел во Гранд Магазин, пренесува порталот „Гранд.онлајн“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

Даниел веќе девет години живее во Париз, а покрај Франција често настапува пред дијаспората од Балканот и во Белгија и Германија.

Тренчевски откри и во каков однос е со старите пријатели со кои бил близок пред разочаран да замине во новата земја.

„Со колегите бев во контакт, но професорот немаше разбирање, нема човечност“, беше искрен пејачот кој сега го сака својот нов живот.

Убаво ми е во Франција, супер се снаоѓам, моите родители се таму и брзо се навикнав, изјави Даниел во емисијата.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Гранд

Инаку Даниел веќе долго време живее во Франција каде што исто така се занимава со музика и настапува низ тамошните балкански клубови.

Фото: Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Настапува ширум Европа, а талентот го има наследено од својот татко кој му го пренел занаетот уште од малечок.

Фото: Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Тренчовски првите музички чекори ги прави кога има само 5 години, кога татко му, гитарист по занимање, ќе му подари клавијатура.

На Тренчовски првиот настап во животот му се случил кога имал само 10 години, во склоп на школската приредба, а овациите што тогаш ги добил од своите врсници и сограѓани биле доволно убедливи за да продолжи да го гради својот талент од кој денес живее, па затоа и решил да се пријави во ова популарно музичко шоу.

Фото: Инстаграм/ Даниел Тренчовски

Даниел денес живее во Париз, а покрај Франција често настапува пред дијаспората од Балканот и во Белгија и Германија.

Извор: Гранд.онлајн, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button