Реклама
Вести

Дракче скршена од болка, соопшти тажна вест – почина нејзин драг пријател, цело Скопје го познаваше

Реклама

Познатата водителка Драгица Стевковска Дракче преку социјалните мрежи се збогуваше од својот драг пријател и колега.

Станува збор за Славчо Мишевски на кого ќе се сеќаваме по неговите емисии заедно со Ранко Рангелов и Дракче.

Маркетинг

фото Фејсбук

Маркетинг

фото Фејсбук

Беше познат и како Славче 24, уметничко име што тој самиот си го даде додека се појавуваше на телевизија.

Ќе остане запаметен по неговите бројни скечови, но и како нежниот распеан таксист што цело Скопје го сакаше.

„Почитуван наш Slavco Misevski секогаш ќе останеш во нашите сеќавања како добар и чесен човек полн со многу идеи. Ја сакаше песната, поезијата и глумата. ТИ благодарам за долгата соработка во мојот проект ,,Патот на светлината“ на Наша Тв .. 5 години за гледачите омилени теми… Почивај во мир, не ја издржа битката со болеста“, напиша Дракче на својот Фејсбук профил и сподели неколку заеднички фотографии.

фото Фејсбук

фото Фејсбук

Во продолжение прочитајте и една песна што Славчо ја напиша неодамна, во болницата, а која што ја сподели на својот Фејсбук

Ќе те чекам

Ќе те чекам цел живот,
ако треба ќе ги пропуштам сите возови
ако треба ќе направам ти да биде последниот
за да ти недостасувам
верувај вистина е…

Кратка, а слатка, ја пишувам во англискава болница Сју рајдер, среќен ви ден, напиша неодамна Славчо на својот профил на Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button