Ваква торта не сте виделе досега: Славниот хармоникаш го одврза ќесето за својот роденден, му дојдоа сите познати пејачи и свирачи

Хармоникашот Александар Аца Софронијевиќ кого македонската публика многу добро го познава од популарното музичко шоу „Никад није касно“ кое во моментов се прикажува на Тв Сител, денеска го слави својот јубилеен 40-ти роденден.
За роденденот тој доби безброј честитки со најубави желби, а за гостите, како што пишуваат српските медиуми, познатиот хармоникаш вечерва прави гала прослава во еден ресторан во Белград.
Фото: Јутјуб
На прославата на Аца дојдоа бројни познати личности, а амбиентот и атмосферата беа на завидно ниво, пишува Блиц.
Меѓу првите на роденденот пристигнале популарната пејачка Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг Кемиш, а на Софронијевиќ му подготвија многу необична „торта“ која беше целосно направена од мали шишиња алкохол, наредени на неколку ката.
Тортата може да ја видите на овој линк.
Фото: Јутјуб
Инаку, славеникот Аца се огласи на Инстаграм по повод својот роденден и им се заблагодари на сите за убавите желби.
„Многу е убаво кога можеш да си пуштиш песна. Ви благодарам на сите за добрите желби од се срце! Човекот е многу богат кога има толку многу пријатели, ви благодарам драги луѓе. 40 не е малку, но да продолжиме храбро и да одиме напред“, напиша тој со видеото.
Неговите пријателки Тијана Дапчевиќ, Драгана Катиќ, Ана Бекута беа меѓу првите кои му го честитаа роденденот…
Александар е роден на 19 ноември 1983 година во Краљево, каде што израснал, живеејќи во градот со своите родители и помладата сестра Александра.
Од мали нозе почнал да свири хармоника и сам ги научил првите тактови и техники. Во основно училиште продолжил да свири хармоника, а за време на училишниот распуст често свирел за соучениците, секогаш кога ја имал хармоника во раце. По завршувањето на средното образование, Александар влегол во Музичката академија во Крагуевац, каде што го збогатил своето знаење и се здобил со титулата професионален хармоникаш.