Тарчуловска падна во транс на концертот на Пријовиќ – погледнете како скокаше и се забавуваше
Познатата мама пред само неколку дена ја промовираше својата нова песна, а потоа реши да скокне на концертот на својата колешка од соседството
Големата балканска музичка ѕвезда Александра Пријовиќ овој викенд одржа три големи концерти во Ниш.
Концертите беа одржани во салата Чаир и за сите се бараше влезница плус и беа преполни со луѓе.
Меѓу публиката на еден од концертите на Александра беше и нашата позната фолк-пејачка Соња Тарчуловска.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Како што можеме да видиме од социјалните мрежи, Тарчуловска цело време пееше и играше, и тоа од посебно место во салата.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Имено, таа не беше на подиумот, туку концертот го набљудуваше од место од кое имаше одличен поглед на сцената.
Тарчуловска очигледно одлично се забавуваше и на својот профил пренесе дел од концертната атмосфера.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Пејачката за оваа пригода беше облечена во тесни црни панталони и црна блуска со интересни светкави детали, а како изгледаше погледнете од фотографиите во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Потсетуваме, Соња Тарчуловска пред само неколку дена го промовираше спотот за својата нова патриотска песна „Маки македонски“ во кој се појавува и нејзината ќерка Мелани.
Повеќе за ова прочитајте тука…