„Ќе носам сѐ пред себе“: Анета Наковска најави драстична промена
Македонската пејачка испрати моќна порака до сите.
Анета уште еднаш без влакна на јазикот се огласи на социјалните мрежи.
Фолк-пејачката Анета Наковска веќе неколку години живее во Америка заедно со нејзиниот сопруг Спиро.
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
Анета и Спиро на почетокот одржувале врска на далечина, но по извесно време одлучиле љубовта да ја крунисаат со брак и пејачката да отиде да живее таму.
Според објавите на социјалните мрежи, на кои се гледа дека таа таму ужива, се чини дека пејачката не погрешила со одлуката.
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
Вратата на Македонија не ја затвори засекогаш и често заедно со Спиро се враќаат тука во нивната луксузна куќа во Велгошти, која половина е ресторан, а половина нивен семеен дом.
Пејачката отсекогаш била искрена и отворено го кажувала своето мислење во медиумите.
Токму таква е сѐ уште и често знае да се огласи на Фејсбук и да даде свое мислење за актуелните ситуации во земјава и на естрадата.
Така беше и овој пат.
Пејачката овој пат ги „подбра“ оние на кои им се потребни скапи додатоци и луксуз за да изгледаат како ѕвезди.