Од денеска младата месечина влегува во знак што носи богатство – еве што да направите за да привлечете пари во својот новчаник
Младата месечина во Шкорпија носи преиспитување на сите досегашни потези, најмногу на финасиски план, затоа астролозите советуваат дека треба да се држите до неколку правила за да го искористите овој период максимално.
Младата месечина во Шкорпија се појавува токму денеска на 13 ноември. Затоа денес сите ќе бидат емотивни, а повеќето ќе го преиспитаат секој чекор што ќе го направат.
Астролозите велат дека сега е најдобро време да ги подобрите финансиите и да го остварите стариот сон.
Повеќето од нив ќе најдат решение за проблемите кои долго време ги мачат.
Што да направите на овој ден?
Следните три дена, внимателно разработете го секој чекор. Направете план и пристапете кон негова реализација чекор по чекор. Бидете подготвени дека работите можеби нема да одат како што очекувате, но ова е можност што мора да ја искористите. Бидете упорни.
Најважно во овој период е да не се задолжувате или да земате никакви заеми. Сега е време да ги задржиме трошоците ниски. Купете го само она што е апсолутно неопходно.
Следните три дена ја трошите целата своја енергија на работа. Разработете го секој чекор паметно и држете се до него. Не таласајте премногу, само работете напорно.
Земете парче хартија и запишете ги вашите деловни желби. Читајте си ги овие желби секој ден и имајте ги на ум. Визуелизирајте го нивното остварување и кажете си:
„Јас сум достоен, дојде моето време. Сега ќе ми се исполнат сите желби“.