Нашата позната пејачка сподели преубава вест – честитки пристигаат од сите страни, а ова е причината
Една од нашите најпознати фолк-пејачки со својата последна објава ги разнежи фановите
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска од бракот со Џими Мицевски ја има ќерката Моника, која денес слави роденден.
Пејачката со емотивна објава и го честиташе роденденот на Инстаграм и ги разнежни своите бројни обожаватели.
Душо моја најмила, ти посакувам да бидеш силна. Во животот ќе сретнеш секакви луѓе, некои ќе те сакаат помалку, некои повеќе. Ќе наидуваш на пречки, но ќе ги надминеш со твојата сила и никогаш не прифаќај помалку од она што си го заслужила“, напиша познатата македонска фолк-пејачка, па го додаде и следново:
„Среќен роденден мила моја, те сака мама“ стои врз фотографијата на која Анета е заедно со својата наследничка.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Инаку, нејзината ќерка Моника порасна во вистинска убавица и сега слободно можеме да кажеме дека изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка, посебно откако стана полнолетна.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа не се занимава со јавна работа и живее мирен живот далеку од јавната сцена, но Анета знае понекогаш да сподели заеднички моменти.
Како што самата истакна во нејзиното интервју за Гламур магазин (види тука), пејачката се гордее со својата наследничка, но истакнува и дека има голема поддршка од неа за она што го работи.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката во оваа пригода откри и дека не би сакала нејзината наследничка да тргне по нејзините стапки, посебно заради злите јазици со кои се соочуваат естрадните уметници кај нас.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
И како што самата истакна тогаш, Мони е избувлива и понервозна од неа, па би се скарала со секој што зборува невистини за неа.
„Не, не е таа за оваа професија“, заклучи тогаш во шега нашата позната фолк-пејачка, Анета Љумаковска.
Целото интервју со неа прочитајте го тука…
Бонус галерија
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Ромска забава што ги шокираше сите
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Нашата позната пејачка пееше на една луда ромска забава во Германија, на која се појавија и најголемите балкански ѕвезди Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Шериф Коњевиќ, Саша Матиќ, Снежана Ѓуришиќ, Аца Пејовиќ и многу други.
Повеќе за ова прочитајте тука >>