И по разводот повторно заедно? Нашата позната пејачка ги изненади сите, а нашинците од Швајцарија најмногу
Анета Љумаковска сподели убава вест
Нека се подготват нашите Швајцарци
Настапите на нашите фолк-пејачи во градовите низ светот каде живеат наши иселеници станаа традиција, посебно кога станува збор за забавите во предновогодишниот период од годината.
И додека едни се враќаат од турнеја, други заминуваат, а тоа може да се види и од нивните објави на социјалните мрежи.
Па така и пејачката Анета Љумаковска деновиве го најави својот настап во Швајцарија заедно со групата „Молика“.
Задоволство е да Ве поканиме на 25 ноември 2023 година од 19 часо во Поли Пите.
Заедно да уживаме во изведбата на наши македонски песни со Анета и група „Молика“
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Молика
Концертот ќе го организира друштвото „Македонија“ од Ешалан и истиот ќе се одржи во Поли-Пите, најави Анета.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Молика
Познато е дека за настапите на Анета секогаш има голем интерес, па воопшто не се сомневаме дека и овој пат следува спектакл и добра забава. Нејзината публика секогаш феноменално си поминува и ужива во нејзината изведба на најпознатите македонски песни, а така е и на секој нејзин настап, како во Македонија, така и во дијаспората.
Потсетуваме, фановите на Анета беа изненадени кога како гром од ведро него се рашири веста дека пејачката се разведува од својот сопруг, Џими Мицевски, со кого долги години беше во брак и со кого цело време заедно настапуваа со групата „Молика“.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тие и двајцата ја потврдија веста за разводот за нашите медиуми, но и дека ќе ги одржат сите однапред закажани концерти.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Точно е дека се договоривме со „Молика“ да ги испочитувам сите договорени настапи до 15 август 2024 година и потоа на мирен начин да се разделиме како цивилизирани и возрасни луѓе“.
„Секако ништо не е вечно, па ни ова. Едноставно секој си продолжува по својот пат“, изјави Анета неодамна за Гламур магазин.
Повеќе за ова прочитајте тука…