Не само што пееше, Васка Илиева испишуваше историја – но оваа голема болка ја носеше до крајот на животот
Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ одбележа 100 години од раѓањето на доајенот на македонската изворна песна, Васка Илиева.
Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во „Танец“.
Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и има безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци.
ФОТО: Википедија
Ретко кој може да се пофали дека во текот на кариерата пеел пред претседателите Тито и Черчил, пред кралицата Елизабета и познатата Марија Калас.
Станува препознатлива со песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ и многу, многу други.
ФОТО: Википедија
Со својот глас и изведба успевала да ги растрепери срцата на сите Македонци каде и да настапувала.
Иако секогаш била ведра и насмеана, нејзиниот брат Трпе Бошковски своевремено изјавил дека само таа знаела како ѐ во душата, поради тагата која ја носела закопана длабоко во срцето.
ФОТО: Википедија
Нејзина најголема желба било да се оствари како мајка.
Таа останала бремена и отишла во болница да се породи. По два дена од болницата ѝ рекле дека детето го загубило животот, а Васка избезумена од тага избегала од болницата по ноќница и веќе не се вратила. До крајот на животот верувала дека детето ѝ е живо и никогаш повторно не е остварила како мајка.
ФОТО: Википедија
И покрај големата тага, таа имала мисија до крајот на својот живот да патува и да ги развеселува луѓето со својата песна.
Починала на 4 мај 2001 г. во родното Скопје на возраст од 77 години, оставајќи зад себе богато културно и духовно наследство.
Слава ѝ!