Реклама
Вирално

Има 23 години и 10 деца: Кристина со сопругот милионер не планира тука да запре- сама се грижи за децата а поради ова е критикувана од сите

Се одлучија за сурогат мајчинство...

Реклама

23- годишната Кристина Озтурк која по потекло е од Москва, Русија, била самохрана мајка кога решила да се одмори во суптропскиот рај наречен „Лас Вегас“.

фото инстаграм/Кристина Озтурк

Таа денес е мајка на 11 деца а иако многумина помислуваат како ли се снаоѓа, таа вели дека не планира да запре овде.

Маркетинг

Кристина вели дека луѓето претпоставуваат дека таа има армија дадилки но вистината е дека всушност цел ден таа го поминува со своите деца.

Маркетинг
фото инстаграм/Кристина Озтурк

Кристина живее со нејзиниот сопруг милионер сопственик на хотел Галип Озтурк во Грузија, каде што е легална практиката на користење сурогат мајчинство.

Тие на социјалните мрежи спомнаа дека сакаат најмалку 105 деца, но подоцна признаа дека тоа било  шега. Сите потенцијални кандидатки за сурогат мајка минуваат низ советување и потпишуваат правни документи пред да забременат со деца генетски од Кристина и нејзиниот сопруг.

фото инстаграм/Кристина Озтурк

Кристина истакна дека го кога го здогледала Галип, веднаш знаела дека тој е совршениот за неа и тој потврди дека тоа било љубов на прв поглед.

– Со неа е толку лесно да се биде, секогаш има насмевка на лицето, а во исто време е срамежлива и мистериозна. Таа беше жената што отсекогаш ја посакував за себе, необработен дијамант.

фото инстаграм/Кристина Озтурк

Таа рече дека и покрај тоа што Галип бил многу постар од неа, нема ништо против многудетното семејство, иако веќе има свои возрасни деца.

Двојката исто така се согласи дека сака што повеќе деца, но тие беа амбициозни и брзо сфатија дека нејзиниот репродуктивен капацитет не е доволен за да ги исполни нивните барања. Затоа решиле да се вклучат во користењето на сурогат мајки, кое чини околу 8.000 евра за се што е потребно.

фото инстаграм/Кристина Озтурк

– Моментално имам 10 деца со најновото засилување, Оливија, која пристигна кон крајот на минатиот месец. Сама ја родив најстарата ќерка Вика пред шест години. Останатите деца се генетски наши од мене и мојот сопруг, но во утробата ги носеа сурогати.

– Не знам колку ќе имаме на крајот, но сигурно не планираме да застанеме на 10. Едноставно не сме подготвени да зборуваме за конечната бројка. Сè во свое време.

Парот избира само млади жени кои веќе имале барем една бременост и немаат зависност.

фото инстаграм/Кристина Озтурк

Една сурогат мајка со која работеле имала проблеми да се откаже од бебето, но според законот немала никакви права и морала да се откаже од тоа.

Грузија дозволува сурогат мајчинство од 1997 година се додека парот кој е вклучен е хетеросексуалец и е во брак.

фото инстаграм/Кристина Озтурк

Кристина исто така не ја отфрла можноста сама да роди други бебиња, но рече дека тоа во моментов не е практично бидејќи VTO многу го оптоварува нејзиното тело.

фото инстаграм/Кристина Озтурк

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button