Еве каде премина колешката на Алачки по отказот во Алфа – најпрво се омажи, па го направи ова (фото)
По шест години реши дека е време за промени
Познатата македонска водителка Александра Бела долго време беше дел од екипата на телевизија Алфа.
Таа водеше најразлични емисии во оваа телевизија, а ја гледавме и како водителка на емисијата Везилка.
Но токму затоа и сите ги изненади веста дека по шест години поминати во оваа телевизија Александра реши да даде отказ.
Фото: Инстаграм/ Бела Александра
Водителката тогаш се огласи преку социјалните мрежи и се поздрави од своите драги колеги и од уредниците, објавувајќи неколку заеднички фотографии на Фејсбук и Инстаграм, но истовремено не забoрави да истакне и дека им е благодарна за сите убави моменти.
Фото: Инстаграм/ Бела Александра
Неколку дена подоцна, Бела објави фотка од своето ново работно место и откри дека останува во медиумскиот свет.
Фото: Инстаграм/ Бела Александра
Имено, таа сега е во тимот на Слободен печат, а како изгледа на своето ново работно место, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Бела Александра
Потсетуваме, Александра и пред неколку недели се најде во центарот на вниманието, но тогаш заради нејзината свадба.
Фото: Инстаграм/ Бела Александра
Фото: Инстаграм/ Бела Александра
Таа се заколна на вечна љубов и заплови во брачните води, а како изгледаше и како невеста, погледнете во галеријата…