РОЛЛА ДО БОЛЛА: Јас имам краток фитиљ, ама Лила со поглед знае да ме смири
Ме нервира премногу топло време кога ги има оние забрани за движење и кога темепратурите се над 40 степени, вели Спасе
Самодовербата на тв-презентерот Спасе Јовановски, познат како Ролла до бола, е на далеку позната. Не ретко знае да се нарече себеси „вашиот омилен презентер“. И луѓето навистина го сакаат, некои можеби поради неговиот сарказам, некои заради бруталната искреност, некој пак му го сака хуморот. Како и да тој е едно од најпоуларните тв-лица кај нас.
Истакната е и неговата впечатливост, уникатност и професионалност во она што го прави. Тој е дипломиран новинар и долго време го гледаме на екраните како водител.
Стана препознатлив и како „десна рака“ на Лила, веќе неколку години го води профилот на инстаграм на нашата позната водителка Лила Филиповска.
Тие се колеги во „Сител“ , но и многу добри пријатели.
Спасе веднаш ја прифати нашата покана за „муабет“, поминавме преубаво време за дружање , се посмеавме и успеавме да извлечеме работи кои не ги знаете за Спасе.
Уживајте во интервјуто.
Зошто Рола до бола? :)
Ролла до Болла настана пред едно 17 години, како инспирација служеше филмот “Rock and Rolla”. Според филмот, Ролла е човек кој е способен за се, ставете го во нива ќе ја изора, ставете го во парламент ќе ги смири сите војни на овој свет. Па така мене ми се допадна и го ставив, прво бев Спасе Ролла, па Ролла за да на крај се задржи она оригиналонот Ролла до Болла.
Спасе кое ви е омилено годишно време? Што карактеристично правите на дожд, на снег, кога пука сонце и кога облачно?
Искрено сите времниња се убави, а има и зошто. Ме нервира премногу топло време кога ги има оние забрани за движење и кога темепратурите се над 40 стеопени. Тогаш само седам дома во целосен мрак и пуштена клима до крај!
Што е за вас љубов?
Љубовта е сила, енергија двигател. Ако нема љубов, нема ништо. И не зборувам само за љубовта помеѓу партнер и партнерка.На сите полиња мора да има љубов за да работите се движат беспрекорно.
Што треба да знае јавноста за вас, а досега не сте го кажале ниакде?
Поседувам Only Fans канал (се смее)
Како е да се биде постојано со Лила? Очигледно е колку се сакате и почитувате, но дали некогаш ве извадила од кожа (те налутила,сте се скарале) за нешто ?
Со неа во еден ден може да ти се случат неколку случки и тоа пишувани како под некое филмоско сценарио. Ние се познаваме 18 години, секако дека имало недозарбирања и да се налутиме, но тоа минува многу брзо бидејќи не дозволуваме настанатиот проблем да не навјаса, седнуваме, согледуваме, се извинуваме и продолжуваме понатаму.
Лила е мојот ментор, јас сум оној што има краток фитиљ, што е избувлив, кој не трпи неправди, сакам да се расправам кога не се другите во право, терам инеати, а она… Знае некогаш само да ме погледне и со поглед да ми каже дека нема потгреба од сета таа драма, се ќе се среди кога најмалку очекуваш.
Да ја искористам приликата и да ве прашам, каква зима не очекува?
Еве одма ќе ти кажам од прва рака, декември ништо страшно, јануари имаме дневна температури до 3 а утринската минус 4, февруари исто така со помалку температури но снег може само да прошара. А ќе го има само на повисоките места. Дур си се свртел, дошол Март и ете ја пролета.
Дали се замислувавте како метео -презентер?
Како мал, постојано пред моите другари им ги имитирав гласовите од најавувачите. Знаете порано пред да се емитуваше некој филм, кратката содржина беше раскажувана додека траеше трејлерот. Епа токму тие гласови/читачи јас ги имитирав и забавував своите другари.
Се замислував како презентер, кога останував сам во соба, камерата ми беше клучалката од вратата, ќе седнав и ќе читав некои весници… и ПУФ станав презентер на вести, па на временска.
Каде, како и со кого сакате да го поминувате слободното време?
Кога сум слободен со моите блиски сакам да го поминувм времето во планина, додека пак вечерите служат за собиранка, излегувањата навечер по диска и кафулиња е се поретко во во пракса.
Имате ли утрински ритуали?
Секако дека имам. Се будам, потоа сакам така да лежам едно 10 мин, станувам, прво што правам, отворам ширум прозорите да се проветри, без разлика какво е времето надвор, па следи тресење на постелнина, чукање на перниците и повторно местење на спалната.
Пијам две чаши вода, па пуштам продолжено еспресо, со никој не зборам 1 час, се туширам и одам да си подготвам доручек.