Тарчуловска направи џумбуш на свадбата кај внуката – младенците највесели, гостите во транс (фото)
Пејачката со своето идание ги воодушеви сите
Познатата фолк-пејачка Соња Тарчуловска објави неколку фотографии и снимки од една свадба на која беше посебно весела.
Таа заедно со сопругот Јохан и своите деца овој викенд беа гости на свадбата на нејзината внука од сестра.
Пејачката објави видео од првиот танц на младенците, но и од моментот кога се фати за микрофонот и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Облечена во преубав фустан во зелена боја Соња блескаше, а во еден момент клекна на колена и им запеа на младенците.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Станува збор за ќерка на нејзината постара сестра, а во еден момент со Соња запеа и нејзината ќерка Мелани.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
И Мелани блескаше во преубавата златна тоалета што ја носеше, а гостите беа воодушевени од нивниот заеднички настап.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Преубавата невеста и младоженецот беа највесели на подиумот, а како Соња и Мелани изгледаа погледнете во продолжение: