ВО БЕЛО, ВО БЕЛО- Тета Соња НЕ ИЗДРЖА, клекната на колена пред невестата го испеа легендарниот хит!
Семејството Тарчуловски вчера беше на голема прослава, свадба на внуката од сестра на пејачката Соња.
Тетката пресреќна сподели на социјалните мрежи неколку видеа и фотографии од прекрасната атмосфера на веселбата.
Убаво дотерани прекрасното семејство споделија и заедничка фотографија.
Соња блесна во убав светкав зелен макси -фустан . Косата ја украсила со елегантна штипка, а пејачката за оваа пригода се одлучила да ја пушти косата. Оваа прекрасна жена секогаш изгледа многу убаво.
Не издржа и се фати за микрофонот. Од видеата кои ги сподели на Инстаграм гледаме дека испеала неколку песни, но најголема фама се крена кога почнаа звуците на песната „Во бело, во бело“. Најголемиот хит на Соња ечеше во салата од сите грла. Тета и пее на преубавата невеста клекната на колена.
Прекрасна атмосфера!
За микрофонот се фати и наследничката на Соња, Со мама имаа и дует.
Преубавата Мелани изгледаше фантастично за оваа семејна веселба. Девојката одбра долг златен фустан со спуштени рамена.