Борбата беше неизвесна, но на крај победи Билјана од Македонија – цело студио го крена на нозе
Билјана зборуваше отворено и за својата покојна мајка
Билјана Зероска е Македонка која што живее во Лондон, а која оваа недела се претстави во „Никогаш не е доцна“.
Билјана во интервју за „Гранд.онлајн“ откри дека во Лондон живее шест години, каде работи како фармацевт.
„Работам како фармацевт, но и пеам во хор каде сите луѓе се преку 40 години и секогаш кога настапуваме тоа е хуманитарно. Обожавам да одам таму“, изјави Билјана по настапот во шоуто.
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Таа потоа додаде и дека се пријавила во ова шоу за да ја исполни големата желба на нејзината почината мајка.
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
„Тоа беше желба на мојата почината мајка која не ја пропушташе оваа емисија и кога запеав во време на корона со еден хит на Фејсбук таа ми кажа дека ќе ме пријави, но таа потоа почина, замина кај ангелите, па ме пријавија ќерките“, вели Билјана и додава:
„Чувствувам дека е со мене и страшни се емоциите, чувствувам дека ми е поддршка“, изјави Билјана за „Гранд“.
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Потсетуваме, Билјана настапи во седмата емисија од музичкото талент шоу за ветерани „Никогаш не е доцна“.
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Таа не се пласираше директно во следниот, туку заедно со Наташа Познановиќ заврши на Фејсбук гласање каде онаа што ќе освои повеќе гласови од публиката, продолжува понатаму.
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Гласањето траеше до 31.10. до полноќ и цело време беше речиси изедначено, но на крај Билјана победи со мала разлика.
Како Билјана звучеше и изгледаше во шоуто, кога со песна ги крена сите на нозе, погледнете во продолжение…