Тажна вест: Загина синот (27) на популарната пејачка – фолкерката неодамна го изгуби и својот татко
По смртта на синот на хармоникашот Мирко Кодиќ, Александар (30), уште една тажна вест го потресе регионот

Целиот регион беше потресен од веста дека починал младиот син на пејачката Лејла Шабиќ, Амар, на 27 годишна возраст.
Наследникот на познатата босанска пејачка го изгуби животот во сообраќајна несреќа во близина на Тузла.
Пејачката Лејла, попозната како Лејла Леки, се огласи на Фејсбук каде ја смени својата профилна фотографија и ја замени со црна позадина и објави некролог од својот син.
Фото: Фејсбук
Во коментарите под објавата доби пораки со сочувство, а се огласи и нејзината снаа, односно сопругата на настраданиот Амар.
Фото: Фејсбук
Според објавите на пејачката попозната како Лејла Леки на социјалните мрежи, таа пред нешто помалку од два месеци останала и без својот татко. Пејачката се збогуваше од него и на социјалните мрежи им се заблагодари на сите за поддршката што тогаш ја доби.
Фото: Фејсбук
„Драги мои пријатели, со срце ви се заблагодарувам на упатените пораки по повод смртта на мојот татко. Бевте една голема моја поддршка, една голема болка останува во мене до крајот на животот која никогаш не можам да ја избришам. Животот продолжува понатаму, јас, ако Господ даде, почнам со ред, ја продолжувам својата работа, така што ќе ги испочитувам сите закажани термини поврзани со вашите веселби“, напиша пејачката на Фејсбук тогаш.
Фото: Фејсбук
Потсетуваме, Амар, синот на Лејла Леки загина на 27 годишна возраст и беше шофер на автобус, а како што пренесуваат медиумите, околностите под кои настрада се уште не е се познати.