Реклама
Наши ѕвезди

Која е Македонката што жирито во „Ѕвездите на Гранд“ го остави без зборови – еве од кое село потекнува

Мелиса е од селото Лажани во близина на Прилеп, од каде потекнуваат две големи музички ѕвезди

Реклама

Многумина се прашуваат која е Мелиса Зијадиќ, 18-годишната Македонка која ги воодушеви сите во „Ѕвездите на Гранд“.

Како што објасни Саша Поповиќ, Мелиса била единствената девојка која што годинава ја поминала аудицијата во Скопје.

Таа не крие дека имала голема трема и дека била збунета кога се појавила на големата сцена, но и дека потоа успеала да се вклопи.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Што се однесува до тоа во чиј тим би сакала да биде, Мелиса по настапот во шоуто пред камерите на Гранд изјави:

Маркетинг

„Сите во жирито ги сакам и почитувам, сите се добри, но Цеца ја посакувам за ментор. Ги сакам многу нејзините песни и мислам дека ние две одлично би се вклопиле“, одговори Мелиса на ова прашање.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку оваа млада дама е од селото Лажани од каде потекнуваат две големи музички легенди, Јашар и Ипче Ахмедовски.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Јашар е единствен така што се надевам дека и јас еден ден ќе имам таква кариера. Го запознав и слушна како пеам, многу ме пофали и голем поздрав за него“ изјави Мелиса за „Гранд“ и откри дека има голема поддршка и од своите школски другари.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Мелиса ги остави сите без здив со својот настап на грандиозната сцена во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од Македонката посебно беше воодушевена Снежана Ѓуришиќ која изјави дека таа е најубавото нешто што го слушнала во оваа сезона.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мелиса доби комплименти и од Цеца Ражнатовиќ и Вики Миљковиќ, а Марија Шерифовиќ и го порача следново:

„Имаше тука многу млади девојки што пеат фолк-песни откако седам тука, но оваа девојка многу веројатно е една од најдобрите. Стилски со своите годинки тоа го работиш многу добро, но еден совет – не се чувствуваш добро во тој костим и тие штикли и тоа се гледа, не ставај се самата себеси во такви стеги, биди својата“, и’ порача Марија Шерифовиќ на младата пејачка.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крај коментар даде и Ѓорѓе Давид и одлучи која натпреварувачка би сакал да биде во неговиот тим.

Со тебе пејачки нема што да се работи и ти си готов производ и каде и да бидеш работата е што треба да те ослободат, но јас ќе ја земам Николина, а на тебе единствено слобода ти фали, заклучи Ѓорѓе.

Фото: Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Како Мелани звучеше, слушнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button