Интервју

Женски муабети со Гавазова: Во мојата чанта има сѐ, само едно нема…

Краток и пријатен разговор со една од нашите омилени фолк-пејачки

Реклама
Реклама

Најатрактивната македонска  пејачка, Сузана Гавазаова,  со преполна агенда од настапи како во државава така и во странство, но одвои време да ни одговори на нашите прашања.

Непосредно пред подготовките за нејзиниот настап во Германија , таа ни откри некои работи кои не ги знаете за неа.

Маркетинг

Ја замоливме да ни ја отвори и чантата и ќе се изненадите што не успеавме да најдеме , а во секоја чанта треба да го има .

Маркетинг

Уживајте во  пријатниот разговор со Сузе во продолжение.

Дали како и повеќето музичари и вие ги прескокнувате (преспивате) утрата?

Не можам да кажам дека немам преспиено некои утра, но тоа воопшто не е мој стил на живот. Јас го сакам утрото, па и се будам рано. Морам да кажам, омилен дел од денот ми е утрото.

Имате ли ритуали кои ги правите секој ден?

Имам! Обожавам наутро да пијам кафе и да излезам на прошетка.

Кое ви е омилено јадење? Дали преферирате да се храните надвор или можеби сте одлична во кујната?

Во полседно време омилено јадење ми е пилешко во рижото. Преферирам да се хранам дома кои ќе ги зготвам јас. Сакам македонска традиционална кујна, но и грчка, турска, италијанска, арапска и други.

Каква музика се слуша во вашиот дом? Кои ви се омилени пејачи?

Кај нас дома се слуша македонска музика. Омилени пејачки ми се: Васка Илиева, Сузана Спасовска и Благица Павловска, а омилени пејачи ми се:  Бадев, Сариевски, Наум Петерски,  Влатко Миладиновски.

На чиј настап, концерт … сте си поминале незаборавно?

Сум била на концерт на Наум Петрески и си поминав феноменално!

Книга или филм?

Искрено повеќе филм, ама сакам и книги.

Омилен филм ми е „Apocalypto“ со Мел Гипсон, а омилена книга ми е „Ќерката на чуварот на спомените“ од Ким Едвардс.

Какво дете бевте?

Не сакам да звучи како да се фалам, но навистина бев добро дете. Многу ги слушав родителите, бев одлична ученичка, работев земјоделие, но и многу учев и ги слушав  и почитував постарите.

Кој ви е најдобар пријател?

Мојот сопруг.

Ако треба во моментов да ја отворите  вашата чанта, што ќе најдеме во неа ?

Па, во мојата чанта има се! Само едно нема…. нема ред, хахахахах.

фото/Приватна архива

Имате препознатлив и впечатлив стил на облекување. Дали имате модни соработници ? Како одбирате што ќе облечете за некое појавување?

Најчесто одбирам сама. Понекогаш соработувам со стилисти, но на поголемиот број мои појавувања изгледот е комплетно моја идеја.

Имате ли идол?

Мојата мајка и мојата сестра. Тие се моите идоли!

Гавазова засега не нajавува нова музика од неа, до тогаш ни преостанува да узживаме во нејзините хитови.

 

 

.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button