Соња Тарчуловска со сопругот во свадбарско издание – пејачката блескаше, никогаш не била пубава (фото)
Преубавиот фустан што го носеше ги украде сите погледи
Пејачката изгледаше прекрасно покрај својот сакан
Познатата фолк-пејачка Соња Тарчуловска заедно со својот сопруг Јохан Тарчуловски беа гости на една свадба.
Тарчуловска за оваа пригода избра елегантен, долг фустан во металик нијанса и со насмевка им позираше на фотографите.
Креацијата што ја носеше беше со долги ракави и длабок шлиц со кој Соња во преден план ги истакна своите убави нозе.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Пејачката изгледаше прекрасно во ова свое „свадбарско“ издание, а покрај неа блескаше и нејзиниот сопруг, Јохан Тарчуловски.
Фустанот што го носеше беше тесен и Соња во него изгледаше атрактивно, а целото издание го зачини со шик високи потпетици.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Потсетуваме, Соња и Јохан се горди родители на три деца – Мелани, Младен и најмалата ќерка Јоана.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Мелани е најстарата од нив и таа веќе тргна по стапките на својата мајка, а овој викенд имаше одличен настап во Бутел.
Фото: Инстаграм/ Мелани Тарчуловска
Наследничката на Соња на овој настан се појави со уште неколку познати музички имиња од Македонија, а како изгледаше дел од атмосферата погледнете од фотографиите во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Мелани Тарчуловска
Фото: Инстаграм/ Мелани Тарчуловска
Фото: Инстаграм/ Мелани Тарчуловска
Фото: Инстаграм/ Мелани Тарчуловска
Потсетуваме, Соња Тарчуловска (Величкова) по потекло е од Пробиштип, а родена е на 19 септември 1978 во Штип.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Нејзината музичка кариера започна во 1994 година, кога имала само 14 години, а првото ЦД го носи насловот „Весела девојка“.