Се породи една од најпознатите пејачки со потекло од Македонија – ја објави и првата фотка со бебето
Пејачката веднаш го откри и името на својата наследничка
Познатата фолк-пејачка Надица Адемов се породи и роди здраво женско дете на кое му го дадоа името Мелина
Веста за приновата прв ја сподели братот на пејачката на својот Инстаграм и откри колку е горд што станал вујко.
„Станав вујко на една мала принцеза. Добро ни дојде Мелина“, напиша братот на Надица на социјалните мрежи,
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
По ова и познатата пејачка и поранешна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ се огласи и објави фотографија со бебето.
Како што пренесуваат медиумите, породувањето поминало во совршен ред, а бебето и мајката се чувствуваат добро.
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
Малата принцеза кога се родила имала 2840 грама и 49 сантиметри, а првата фотографија од бебето предизвика лавина од емоции.
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
„Мојот борец,, мојот херој. Добро ни дојде девојче мое, љубов и радост моја, напиша гората мама на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
Потсетуваме, Надица Адемов се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ уште во 2011 година кога влезе во финалето на ова шоу,
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
Пејачката е родена како Надира Адемов во Скопје, но со семејството заминува од Македонија и се селат во Суботица.
Фото: Инстаграм/ Надица Адемов
Надица има и постар брат Ранче, кој исто така е пејач. Тој заедно со својата сопруга се уште живее во Скопје.