Последната објава на инстаграм на најконтроверзната пејачка во регионот, па и пошироко Јелена Карлеуша предизвика лавина од реакции, претежно негативни.
Пејачката објави видео на кое танцува на песната „Непогрешиво“ , дует со нејзиниот колега Девито.
Таа на лицето има розова маска, препознатливиот симбол на Девито.
Но, она што ги налути следбениците и корисниците на социјалните мрежи е тоа што Јелена е облечена во долна облека и игра провокативно.
Еден од коментарите запишан на англиски вели:
„Имам еден предлог за тебе, зошто не почнеш да снимаш филмови за возрасни наместо да пееш„
Друг коментар од девојка пак вели:
Јас како жена , досега ја поддржував, но ова навистина е невкусно , дури ни за по 00:00 часот.
Каков е вашиот коментар за ова видео на мегѕвездата ЈК?
View this post on Instagram