Професорот од Македонија што УСПЕА ДА ГО ВООДУШЕВИ ЦЕЛИОТ БАЛКАН, конечно дојдоа неговите пет минути!
Професорот беше воодушевен од она што му го кажаа
Професорот Вито Славевски (49) од Пробиштип си ја проба среќата во најгледаното шоу за ветерани на Балканот.
Негов пријател без негово знаење го пријави во шоуто „Никогаш не е доцна“, како што самиот вели, останал без зборови кога го поканиле да се претстави пред публиката во деветтата сезона од шоуто.
И покрај тоа што завршил тежок факултет и едно време работел како професор во училиште, тој од мали нозе ја сакал музиката.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
„Кога бев мал знаев дека ќе бидам пеач и некако од детството знаев дека знам да пеам. Мојот татко беше првиот дипломиран правник во нашиот град, талентот за музика го наследив од мајка ми, морам тоа да го кажам“, се претстави шармантниот професор пред гледачите.
Фото: Инстаграм/ Анета Наковска
Вито од својата рана младост свири со својот бенд, а неодамна напиша и роман кој наскоро треба да биде објавен.
Како што самиот вели, пее од својата петнаесетта година и има свој бенд, но нема завршено музичка академија, туку Филолошки факултет, така што по професија е професор по македонски јазик.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Неговиот роман се вика „Пикантерии за еден бенд“ и во него се опишани анегдотите што ги доживеал со својата „тајфа“.
Фото: Фејсбук/ Вито Славевски
Вито е среќно оженет и има две деца. Најголема поддршка има токму од нив, но и од пријателите.
Фото: Фејсбук/ Вито Славевски
Неговата сопруга е професорка по математика. Постариот син има дваесет години и е студент, а ќерката е деветто одделение.
Фото: Фејсбук/ Вито Славевски
Во „Никогаш не е доцна“ Вито се претстави со песна од Жељко Самарџиќ и го воодушеви жирито, но и публиката во студиото и благодарение на гласовите што ги доби од неа, се пласираше во следниот круг.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Од неговиот настап посебно беше воодушевен Харис Џиновиќ кој прв пат досега даде еден ваков коментар.
„Јас во главно нешто запишувам што би можел да кажам, но ова е многу точно, многу едноставно испеано што всушност е најтешко. Не личи ни малку на оригиналот, човекот пее со своите украси, свои трилери, нема предозирање, а не фали ништо. Значи, ако максималната оценка е десет, од мене добива единаесет“, заклучи познатиот пејач.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
По успехот Вито пред камерите на Гранд изјави дека е возбуден, но и пресреќен што успеа да помине во следниот круг.
„Јас имам некои настапи на телевизија кај нас во Македонија, дури и на јавниот сервис. Пеам 35 години, по кафеани, свадби, дискотеки, само со музика се занимавам иако сум професор по професија“ истакна Вите на кого мотото на оваа емисија му даде ветер во грбот да продолжи со својата кариера и да не се откажува од своите соништа.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Како што самиот вели, бидејќи некогаш работел како професор по македонски јазик и им предавал на ученици од средна школа и основно училиште, се надева дека не бил строг и дека тие сега ќе му вратат така што ќе гласаат за него. Од друга страна не крие и дека е воодушевен од коментарот што го добил од Харис Џиновиќ, посебно што истото тоа Харис некогаш му го кажал на Тоше Проески.
„Па, што јас да кажам на тоа?!“, изјави со насмевка Вито.